Бустер доза може да примаат и бремените жени

Вакцинација против Ковид-19 . Илустрација.

Вакцинацијата против Ковид -19 се препорачува за трудници, за оние кои дојат и за оние кои се обидуваат да забременат, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за јавно здравје. Ако жената забремени откако ја добила првата вакцина против Ковид-19, а се потребни две дози, треба да ја прими втората вакцина за да добие што е можно поголема заштита, се вели во извештајот. Бремените жени можат да примат и бустер доза.

Пред вакцинација против Ковид-19 во бременоста се препорачува задолжителна консултација со матичниот гинеколог во врска со процената на возраст на пациентката, потоа гестациската старост на плодот и секако претходни индивидуални здравствени состојби, ризици и заболувања.

Доказите за безбедност и ефективност на вакцината против Ковид-19 за време на бременоста растат, во моментов нема докази дека која било вакцина, вклучувајќи ја и вакцината против ковид-19, предизвикуваат проблеми со плодноста кај жените или мажите, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Ретко можат да се појават несакани ефекти по примањето на која било од достапните вакцини за ковид-19, особено по втората доза на вакцина. Жените кои се бремени не пријавиле различни несакани ефекти од жените кои не се бремени и останатите вакцинирани луѓе по вакцинацијата со mRNA КОВИД -19 („Модерна“ или „Фајзер“). Досега не се пронајдени податоци за штетни состојки кои би можеле да и наштетат на бремената жена како и на нејзиниот плод, ниту пак можат да предизвикаат ковид