Ковидот на Јанакиески го одложи судењето за „Шпански скали“

Поранешниот министер за транспорт и врски во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески.

Поранешниот министер за транспорт и врски во времето на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески е позитивен на ковид-19, па затоа беше одложено денешното рочиште за случајот „Шпански скали”.

Јанакиески е првообвинет во случајот за незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје, со што државата е оштетена за 2,6 милиони евра.

Според решението Јанакиески е во самоизолација од 3 февруари, а следното рочиште е закажано за 18 февруари.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Поранешниот министер е обвинет во повеќе судски предмети меѓи кои и „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“.