Иран размислува за тоа отстранувањето на американските санкции да биде „црвена линија“ во преговорите со светските сили за да може договорот за нуклеарната програма да се врати на вистинскиот пат.
Техеран и светските сили во 2015 година постигна договор според кој Иран треба да ги намали своите нуклеарни активности во замена за намалување на меѓународните санкции.
Но САД во 2018 за време на тогашниот претседател Доналд Трамп се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции кон Иран, а Техеран почна постепено да не ги исполнува обрските од Договорот.
Двете страни одржаа осум рунди индиректни разговори во Виена од април, со цел враќање на договореното.
„Прашањето за отстранување на санкциите и користа што ќе ја има Иран од тоа е „црвената линија“ на Иран во разговорите“, рече денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи Саид Хатибзадех на прес-конференција во Техеран.
Тој рече дека утре продолжуваат разговорите во Виена, иако се уште нема официјално соопштение за датумот.
Вашингтон на 4 февруари ги ублажи санкциите, но за Техеран овој потег е недоволен.
Преговорите во Виена паузираа од 28 јануари, бидејќи главните преговарачи се вратија во своите земји на консултации. Американскиот специјалниот пратеник за Иран, Роберт Мали, на 6 февруари рече дека наскоро ќе се врати во Виена, инсистирајќи на тоа дека договорот сепак може да биде обновен.