Бајден: Путин бара работи што не може да ги добие

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во неделата дека нема да шпекулира за понатамошни чекори што неговата администрација е подготвена да ги преземе во услови на тековни тензии со Русија околу Украина. Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин бара „работи што не може да ги добие“. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан претходно изјави дека Русија може да ја нападне Украина „секој ден“, покренувајќи конфликт што ќе има „огромна човечка цена“.

Официјален претставник на Белата куќа- руската инвазија на Украина може да се случи „секој ден“

Високиот советник на Бајден даде уште едно остро предупредување еден ден откако американските официјални лица потврдија дека Русија собрала најмалку 70 насто од воената моќ што најверојатно има намера да ја има до средината на месецот за да му даде на Путин опција да започне целосна инвазија. на Украина. Саливан не се осврна директно врз извештаите дека Белата куќа ги информирала пратениците оти целосната руска инвазија може да доведе до брзо заземање на Киев и потенцијално да резултира со дури 50.000 жртви.

Украина: Бројот на руските сили на границата не е доволно голем за целосна инвазија

Американските официјални лица, кои разговараа за внатрешните проценки на руското засилување, под услов да не бидат идентификувани, скицираа низа индикатори кои сугерираат дека Путин има намера да започне инвазија во наредните недели, иако големината и обемот се нејасни. Сепак, тие велат дека се чини оти дипломатското решение останува можно.