Министерство за правда- формулацијата „одговорност за негативно мислење“ е грешна

Министерот за правда Никола Тупанчевски

Министерството за правда денеска соопшти дека формулацијата во предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“, е грешна формулација за што ќе се интервенира веднаш во амандманската расправа.

„Министерството за правда целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање“, се наведува во соопштението од министерството.

Членот 6 од предлог Законот за граѓанска одговорност каде за навреда се одговара и за „негативно мислење“ е влезен во собраниска процедура


Предлог законот за граѓанска одговорност за навреда и кревета се наоѓа во собраниска процедура. На прво читање во собраниската комисија за европски прашања беше во средата на трети февруари. Во членот 6 од предлогот се наведува дека „за навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко, понижувачко или негативно мислење“.

Предлогот е поднесен од владата лани во јули, а претставници се поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ и тогашниот и актуелен заменик министер Агим Нухиу. Министер за правда во владата излгасана минатиот месец е професорот Никола Тупанчевски.