Нови 1.500 заразени со ковид, пријавени 16 починати

Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Во последните 24 часа регистрирани се 1.500 нови лабораториски позитивни случаи на ковид-19, оздравени се 522 пациенти и пријавени се 16 починати лица, информираат од Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје најмногу од новозаразени се во Скопје – 775, а потоа следуваат Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (1.500), регистрирани се 195 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се десет починати лица на возраст од 61 до 89 години. Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се дополнително шест починати лица од 57 до 82 години, три од нив почонати во болница, другите дома. Пријавените лица се починати во период од 13.01.2021 – 03.02.2022г. Од вкупниот број на починати лица, вкупно 16, три лица се целосно вакцинирани, а кај сите 16 лица се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 277.137, бројот на оздравени пациенти е 254.862, на починати е 8.549, а бројот на активни случаи изнесува 13.726.