Сојузот на синдикати на Македонија денеска од 13:30 до 14:30 часот ја блокираат улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата. Претседателот на ССМ Дарко Димовски повторно побара минимална плата од 18 000 денати и за нив е неприфатлив предлогот на работодавачите според кој минималната плата би изнесувала 16.164 денари.
„Освестете се додека имаме време. Овде ја праќаме- минимална плата од 18 000 денари, скалесто зголемување на сите останати плати, како и регрес за сите вработени во јавниот сектор. Од ова нема отстапка“, рече Димовски.
Денеска претставниците на синдикатот ќе присуствува и на седницата на Економско-социјалниот совет закажана за 16 часот во Владата, а доколку не биде прифатено нивното барање за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, ќе излезат на генерален штрајк.
На претходната седница на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за зголемување на минималната плата. Консензус има дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа.