На 17 април избори за градоначалник на Маврово-Ростуше и Центар Жупа

Илустрација- гласање на локалните избори во Македонија

На 17 април ќе се одржат изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за Центар Жупа. Решението за распишување на избори денеска го потпиша претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинските изборни комисии и Избирачките одбори, а влегува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението од Парламентот.

Инаку поради немање цензус на локалните избори кои се одржаа на 17 октомври, во Центар Жупа и Маврово- Ростуше не се избрани градоначалници, па Владата наименува повереници.