Европската унија состави „силен и сеопфатен“ пакет санкции против Москва доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен додека истовремено продолжуваат дипломатските напори за надминување на кризата до која дојде поради руските дејствија поврзани со Украина.
Русија распореди околу 100.000 војници во близина на украинската граница, потег за кој западните земји се сомневаат дека може да биде вовед во инвазија. Москва, пак, бара безбедносни гаранции вклучително и ветување дека Украина никогаш нема да биде примен во НАТО.
„Подготвивме силен и сеопфатен пакет финансиски и економски санкции“, рече фон дер Лајен во интервју за весниците Хандесблат и Лес Ехос, додавајќи дека тие санкции вклучуваат „ограничување на пристапот до странски капитал“ и „контрола на извозот, особено на техничките стока“.
Фон дер Лајен рече дека контроверзниот гасовод Северен тек 2 на Балтичкото Море е исто така дел од пакетот санкции.
„Луѓето блиски до (рускиот претседател Владимир) Путин и олигарсите, се разбира, може да бидат погодени“, додаде фон дер Лајен.
На дипломатски план, францускиот претседател Емануел Макрон, кој на 3 февруари телефонски разговараше и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, најави дека ќе отпатува за Русија на 7 февруари и за Украина на 8 февруари. Макрон ќе разговара за ситуацијата во Украина со двајцата лидери, се вели во соопштението на Елисејската палата на 4 февруари.
Зеленски на 3 февруари беше домаќин на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој понуди да посредува во судирот на Киев со Москва.
Ердоган рече дека Турција е „подготвена да го преземе својот дел со цел да се стави крај на кризата меѓу двете пријателски нации кои се нејзини соседи во Црното Море“. Турскиот лидер, кој има блиски врски со Путин, рече дека „би бил среќен да биде домаќин на самит на ниво на лидери во Турција или на разговори на техничко ниво“.
Ердоган е последниот лидер на земја члена на НАТО што го посети Киев по премиерите на Холандија, Полска и Велика Британија посети кои се дел од засилените дипломатски напори за надминување на кризата во руско-украинските односи.