Втор ден на состанокот на министрите за правда и полиција на ЕУ

Границата меѓу Полска и Белорусија

Министрите за правда и внатрешни работи на Европската унија денеска во францускиот град Лил го продолжуваат неформалниот состанок на кој разговараат за реформите во Шенген, миграцијата и азилот и заштитата на граѓаните од говорот на омраза. „На состанокот се разговара за прашањето за граничната контрола, како и за воведување проверки на лица за кои е утврдено дека нередовно ја минуваат границата. Француското претседателство предложи земјите-членки да ѝ дадат поголемо значење на Шенген зоната со цел да се спроведат вистински и сеопфатна реформа на Шенген“, се наведува во соопштението на француското претседателство со ЕУ.

Турција ја обвини Грција за смртта на 12 мигранти

Министрите разговараат и за Пактот за миграција и азил предложен од Европската комисија во септември 2020 година. Пактот, меѓу другото, предвидува зајакнување на колективната контрола на миграциските текови. Се очекува министрите за правда да разговараат за заштитата на граѓаните од говор на омраза и навреди, што е еден од приоритетите на шестмесечното претседателство на Франција со ЕУ. „Во контекст на растечките сериозни манифестации на омраза на Интернет, Европската унија размислува за нови средства за дејствување во тесна врска со дигиталните платформи како дел од борбата против овие закани“, се вели во соопштението.