Две години по појавата на ковид-19, Европа наскоро би можела да влезе во „долг период на спокојство“ поради високите стапки на вакцинација, поблагата варијанта омикрон и крајот на зимата, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге. „Ова е прекин на огнот што може да ни донесе траен мир. Овој контекст ни дава можност за долг период на спокојство“, изјави тој. Според него, широко распространетиот имунитет од вакцини и инфекции, во комбинација со промената на сезоната, исто така ја става Европа во подобра позиција да го одбрани секое заживување во преносот. „Можно е да се одговори на новите варијанти кои неизбежно ќе се појават -- без повторно да се инсталираат мерките што ни беа потребни порано“, рече Клуге.
ЕК предлага продолжување на КОВИД сертификатите за уште една година
Тој предупреди дека оптимистичкото сценарио ќе биде точно само ако земјите продолжат со кампањите за вакцинација и го засилат надзорот за откривање нови варијанти. Тој, исто така, ги повика здравствените власти да ги заштитат ризичните групи и да промовираат индивидуална одговорност, како што се социјалното растојание и носењето маски. Со позаразната варијанта Омикрон во оптек, инфекциите се зголемија низ европскиот регион кој опфаќа 53 земји, вклучително и некои во централна Азија. Околу 12 милиони нови случаи се регистрирани минатата недела во регионот, според СЗО, што е највисоко ниво од почетокот на пандемијата.
Швајцарците почнаа да ги релаксираат мерките за пандемијата
Но, соочени со пониско ниво на хоспитализација отколку во претходните бранови, неколку европски земји, вклучително и Франција, Ирска и Британија, Швајцарија, Шведска најавија укинување или значително намалување на ограничувањата, и покрај рекордните случаи. Говорејќи пред денешниот Светски ден на ракот, Клуге исто така изрази загриженост за „катастрофалното влијание“ што пандемијата го има врз грижата за ракот низ целиот свет.
„Женскиот рак“ убива 40 пациентки годишно
Во последните три месеци од 2021 година, скринингот и третманите за рак беа нарушени за пет до 50 насто во сите земји. „Ситуацијата е подобрена од првиот квартал од минатата година. Но, ударниот ефект од ова нарушување ќе се чувствува со години“, рече тој. Клуге ги повика европските здравствени власти да го искористат очекуваното сезонско затишје на ковид-19 за да го намалат заостатокот во услугите за хронична нега.