150 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев

Гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје

Денеска се одбележува 150-годишнината од раѓањето на визионерот и револуционерот Гоце Делчев. Предвидени се повеќе чествувања. Претпладне претседателот Стево Пендаровски и владина делегација ќе положат цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас. Подоцна, владина делегација ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, а во 11:00 часот на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот Македонија во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во Собрание декларација за Гоце Делчев

Во Музејот на македонската борба, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе присуствува на свеченото отворање на изложбата по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, организирана од Државниот архив и под покровителство на Претседателот на Македонија. Во рамките на овие одбележувања, во 13:00 часот, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас делегација на Владата составена од министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положи венец заедно со делегации од Бугарија.

Ѓоргиев-ако политичарите се договараат заеднички да чествуваат личности како Делчев која е целта на комисијата?

Владата го поздравува учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на, за нас, најзначајниот историски лик за нашата земја, со што двете држави продолжуваат со напорите за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата, се наведува во соопштението од Владата. Бугарскиот премиер Кирил Петков и в.д. македонскиот амбасадор во Софија денеска ќе положат венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија.