Чествување и штрајкување

МАКЕДОНИЈА - Сојузот на сиднидакти на Македонија за утре најави предупредувачки протест со блокирање на улицата пред седиштетот на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за минимална плата од 16 наместо 18 илјади денари. Претседателот на ССМ Дарко Димовски изјави дека е неприфатлив предлогот на работодавачите за минималната плата од 16.164 денари во случај кога минималната синдикална кошничка изнесува 35.040 денари.

АРГЕНТИНА - Најмалку 20 луѓе починаа, а уште 80 се хоспитализирани во предградие на Буенос Аирес, откако конзумирале кокаин со токсична супстанција, веројатно опоиди, соопштија аргентинските власти. Инспекторите во Аргентина побрзаа да го откријат токсичниот кокаин и да го отстранат од оптек. Надлежните стравуваат дека бројката може да се зголеми со откривање нови жртви кои не стигнале навреме во болница.

МАКЕДОНИЈА - Македонската влада денеска соопшти дека на 4 февруари, по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на гробот на револуционерот во црквата Свети Спас македонската министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положат венец заедно со делегации од Република Бугарија.

МАКЕДОНИЈА - Македонската влада денеска соопшти дека утре по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас македонската министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положат венец заедно со делегации од Република Бугарија.

РУСИЈА - Русија ја затвори германската телевизија Дојче веле (ДВ) како одговор на забраната за работа на германската верзија на рускиот државен медиум РТ познат како Русија денес.

МАКЕДОНИЈА - Народната банка предупредува дека се забележани фалсификувани банкноти од 2000 денари. Во нивното соопштение е наведено дека за оваа појава е известено Министерството за внатрешни работи за преземање активности во негова надлежност. Народната банка објави и фотографии за да можат граѓаните полесно да утврдат за разликите во изгледот на фалсификуваните и оригиналните пари.

МАКЕДОНИЈА - Македонската полиција во меѓународна акција запленила еден тон суровина со која може да се призведе голема количина на синтетичка дрога - амфетамини во вредност од над 50 милиони евра, наменет за земја од Европската Унија.

САД - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека лидерот на Исламската држава (ИД) Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши бил убиен во нападот кој во текот на ноќта го спроведоа американските специјални сили во Сирија.

БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по денешната средба со македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Брисел, ги поздрави напорите на Северна Македонја за промовирање на безбедноста, стабилноста и напредокот во регионот, вклучително и учеството во мировната мисија во Косово.

ТУРЦИЈА - Турција нема да го почитува Советот на Европа доколку тој не ги почитува турските судови, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако беше прашан за одлуката за случајот против филантропот Осман Кавала да се врати пред Европскиот висок суд, пренесува Ројтерс. Ердоган денеска ја посети Украина и се сретна со украинскиот претседател Володомир Зеленски.