Македонската влада денеска соопшти дека утре по повод одбележувањето 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас македонската министерката за култура Костадиновска Стојчевска и заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаки ќе положат венец заедно со делегации од Република Бугарија.
МНР: Ставовите на историчарите не се државни позиции
„Владата на Северна Македонија го поздравува учеството на делегациите на Бугарија во одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на, за нас, најзначајниот историски лик за нашата земја, со што двете држави продолжуваат со напорите за интензивирање и продлабочување на вкупната соработка и зацврстување на довербата,“ е наведено во владиното соопштение.
Претходно од Кабинетот на бугарскиот премиер Кирил Петков беше соопштено дека тој утре ќе положи венец пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина во Софија, по повод 150-годишнината од неговото раѓање во придужба на македонскиот в.д амбасадорот Владимир Крстевски.