Русија ја затвори германската телевизија Дојче веле (ДВ) како одговор на забраната за работа на германската верзија на рускиот државен медиум РТ познат како Русија денес.
Министерството за надворешни работи на Русија, денеска соопшти дека ја откажува акредитацијата на целиот персонал во руското биро на ДВ, како дека ги ги стопира сите преноси на медиумот на руска територија. Се додава дека ова е „првата фаза“ мерки насочени кон германската компанија, а следните „ќе бидат објавени навремено“.
Во соопштението, исто така, се наведува дека ќе бидат покренати мерки за започнување постапка за официјално означување на ДВ како странски агент и забрана за влез во Русија на германските функционери и други лица вклучени во одлуката за забрана на емитувањето на РТ во Германија.
Соопштението дојде еден ден откако германската комисија за регулирање на медиумите донесе одлука дека РТ мора да престане да ги емитува своите програми на германски јазик во земјата, потврдувајќи ја пресудата од декември според која РТ ја нема потребната лиценца.
РТ е критикувана на Запад како пропаганден инструмент на Кремљ, нешто што овој медиум го негира. РТ или „Russia Today“, основана во 2005 година, е руска верзија на глобалните медиуми како што се Си-Ен-Ен (CNN), Би-Би-Си (BBC), Јуроњуз (Euronews).