Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека лидерот на Исламската држава (ИД) Абу Ибрахим ал Хашими ал Кураши бил убиен во нападот кој во текот на ноќта го спроведоа американските специјални сили во Сирија.
Бајден во изјавата на 3 февруари, рече дека антитерористичката операција во северозападна Сирија била „успешно спроведена“ и дека сите американски трупи кои биле вклучени безбедно се вратиле.
„Го тргнавме од бојното поле Абу Ибрахим ал-Хашими ал Кураши - водачот на [ИД]“, рече Бајден во изјавата.
Во соопштението се додава дека Бајден дополнително ќе коментира на темата во текот на денот.
Пентагон претходно ја потврди рацијата, но не ја идентификуваше целта на операцијата.
АП цитираше сведоци на местото на настанот дека 13 лица, меѓу кои шест деца и четири жени, биле убиени во рацијата, која траела повеќе од два часа.