Ѓоргиев - Со Бугарија не се согласуваме што значи заедничка историја
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Бугарската страна под синтагмата заедничка историја подразбира дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ од средината на деветтиот век до 1944 година. Ние веднаш апсолутно го одбивме таквото дефинирање на синтагмата заедничка историја, вели Драги Ѓоргиев, копретседател на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања.