Напади врз бази во Пакистан, убиени четворица војници и 15 напаѓачи

Архива - Војник од Балучистан чува стража.

Пакистанската војска одби ноќни напади врз две армиски бази во југозападната провинција Балучистан, во кои загинаа четворица војници и 15 бунтовници, изјави денеска министерот за внатрешни работи Шеик Рашид Ахмад.

Ахмад во видео порака рече дека операцијата „за чистење“ во Балучистан. Одговорноста за нападите ја презеде етничката сепаратистичка група, Ослободителната војска на Балузи (БЛА), едниот во областа Пањгур, а другиот во областа Наушки.

Премиерот Имран Кан ѝ оддаде почит на „храбрата“ војска за одбивањето на нападите оддавајќи признанија за нивната „голема пожртвуваност.“

БЛФ во соопштението наведе дека нивните бомбаши самоубијци активирале возила наполнети со експлозив на влезот од базите и тврди дека убиле повеќе од 50 војници.

Минатата недела бунтовниците убија 10 војници во напад на армиска станица во близина на пристаништето Гвадар на Арапското Море.

Етничките герилци Балузи со децении се борат против владата за независна држава, обвинувајќи ја централната влада за неправедно искористување на богатите гасни и минерални ресурси на Белучистан.

Пакистан го обвини главниот непријател Индија дека тајно ги поддржува бунтовниците во Белуџистан. Индија го негира тоа.