Макрон најави дека ќе разговара со Бајден и дека можеби ќе оди во Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека наскоро ќе има телефонски разговор со неговиот американски колега Џо Бајден за кризата во Украина, а не ја исклучи можноста да отпатува за Москва со цел да се најде дипломатско решение. „Многу сум загрижен за ситуацијата на теренот. Приоритет е да се смират тензиите и да се најде политичко решение за излез од кризата“, рече Макрон.

Франција и Германија со предупредување до Русија за Украина

Францускиот претседател прецизира дека неговото можно патување во Москва, а можеби и во Киев зависи од напредокот на разговорите што ќе ги има наскоро. „Ништо не исклучувам бидејќи мислам дека улогата на Франција, особено сега кога претседава со Европската унија, е да се обиде да најде заедничко решение“, рече Макрон.

Украина: Бројот на руските сили на границата не е доволно голем за целосна инвазија

Западните земји ја обвинуваат Русија дека собрала десетици илјади војници на границите на Украина за потенцијална инвазија. Русија негира дека има такви планови, но бара гаранции за нејзината безбедност, вклучително и гаранции дека Украина никогаш нема да биде членка на НАТО и дека Атлантската алијанса ќе ги повлече своите сили од областа во близина на Русија.