Премиерот Ковачевски во Брисел

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска и утре прв ќе престојува во официјална посета на седиштата на ЕУ и НАТО во Брисел. Ковачевски денеска ќе се сретне прво со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. На средбата ќе бидат присутни и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. Предвидена е заедничка прес-конференција на Ковачевски и Столтенберг околу 9.30 часот.

Македонија и ЕУ - долг пат без извесен крај, но што во меѓувреме?

Совет за безбедност- дома стабилно, за кризата Русија - Украина направени подготовки

Попладне Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел како и со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола. Средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, е предвидена за утре претпладне. Димитар Ковачевски ќе има средби и со членови на Европскиот Парламент, како и со поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан. Што се однесува до сегашниот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, тој се наоѓа на пат, информираа од Европската Комисија. Освен Османи и Петровска, премиерот Ковачевски во Брисел ќе го придружува и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.