Јеховин сведок доби затворска казна во Русија

Илустративна фотографија - Јеховиниот сведок Владимир Филипов. Русија во воведе забрана во 2017 година за оваа религиозна група.

Рускиот суд во Сибир му изрече шестгодишна затворска казна на Јеховин сведок во услови на тековната акција против религиозната група која е забранета во земјата од 2017 година.

Судот во градот Краснојарск денеска го осуди 64-годишниот Анатолиј Горбунов, откако го прогласи за виновен за организирање активности на „екстремистичка организација“.

Обвинителството бараше осумгодишна затворска казна за Горбунов. Неговата одбрана рече дека ќе ја обжали одлуката на судот.

Истрагата против Горбунов беше покрената во март 2020 година, кога му беше наредено да не го напушта градот.

По воведената забрана во 2017 година, многу Јеховини сведоци беа затворени во Русија.

Според групата, десетици Јеховини сведоци или биле осудени за екстремизам или биле задржани во притвор.

Соединетите држави ги осудија тековните репресии на Русија врз Јеховините сведоци и другите мирољубиви верски малцинства.

Со децении, на Јеховините сведоци се гледа со сомнеж во Русија, каде што доминантната православна црква ја застапува претседателот Владимир Путин.

Христијанската група е позната по проповедањето од врата до врата, блиското проучување на Библијата, отфрлањето на воената служба и одбивањето да се одбележуваат национални и верски празници или родендени.