САД се подготвени да одржат разговори со Русија за реципрочен договор за распоредување ракети од земја или борбени сили во Украина, откриваат документи објавени од шпанскиот весник „Ел Паис“, додека Кремљ го повика Вашингтон да престане „да ги зголемува тензиите“ во Европа.
Документите, за кои „Ел Паис“ вели дека се одговорите на Вашингтон и НАТО на безбедносните барања што неодамна ги постави Русија, беа објавени на 2 февруари пред телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Борис Џонсон за тензиите околу поставувањето на трупи од страна на Москва на границата со Украина.
Документите, наводно, ја прикажуваат можноста за мерки за ограничување на воените инциденти и докажување на Москва дека ракетите Томахавк не се инсталирани во Романија и Полска кои се членки Алијансата.
„НАТО е одбранбена алијанса и не претставува закана за Русија“, се вели во документот од Вашингтон.
„Отсекогаш сме се стремеле кон мир, стабилност и безбедност во евроатлантската област и во цела Европа, слободна и во мир. Остануваат наши цели и ова е нашата постојана визија.“
Документите му биле предадени на Кремљ минатиот месец во услови на дипломатски притисок за намалување на тензиите меѓу Москва и Западот поради трупањето на повеќе од 100.000 војници од страна на Русија во областите околу границата со Украина.