Мора да се спроведат сите претходни договори постигнати во рамките на дијалогот меѓу Косово и Србија предводен од ЕУ, изјави денеска специјалниот американски претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар при крајот на денешната посета на Приштина, јавува балканскиот сервис на Радио Слободна Европа.
На заедничката прес конференција со специјалниот американски претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, Ексобар истакна дека треба да се исполнат обврските договорот за создавање на асоцијација на општини со српско мнозинство во Косово, прашање што стана камен на сопнување во напорите на ЕУ да го поттикне дијалогот меѓу Србија и Косово
ЕУ алармираше за неисполнетата обврска од договорот постигнат во 2013 година во Брисел за формирање на асоцијалција. Сегашната косовска влада предводена од премиерот Албин Курти смета дека не може да се формира Асоцијација на општини заснована на етничка припадност.
Лајчак и Ескобар во тридневна посета на Косово
Ескобар и Лајчак на крајот од нивната тридневна посета на Косово изјавија дека намерата не им е да наметнуваат некаков модел на договор за решавање на споровите со Србија.
Лајчак истакна дека ЕУ е подготвена да организира нов состанок штом српската и косовската влада покажат волја за конкретни резултати во дијалогот.
На заедничка прес конференција пред нивното заминување за Србија, Ескобар и Лајчак порачаа дека САД и ЕУ „не се дел од дијалогот и преговорите“, но очекуваат од Приштина и Белград да го спроведат договореното.
„ Не дојдовме овде со сет на рецепти и предлози што би сакале да ги наметнеме. Во основа, ние бараме двете страни да бидат конструктивни, да дадат свои идеи и визии како Асоцијацијата на општини со мнозинско српско население треба да изгледа и потоа оттаму да продолжат разговорите, во рамките на дијалогот“ изјави Ескобар.
Тој посочи дека од Косово се бара да го спроведе она за што се согласило во претходните договори и да изнајде модел за формирање на Заедницата, без да се повреди суверенитот на државата. Ескобар додаде дека Вашингтон е подготвен да помогне двете страни да изнајдат заедничко корисно решение.
Ескобар, повтори „САД силно ги поддржуваат независноста и територијалниот интегритет на Косово.
Косовската опозиција: Договор со Србија без загрозување на суверенитетот
Претставникот на ЕУ, Лајчак, нагласи дека „Косово е рамноправна страна во дијалогот“ и дека не му се бара на своја територија да формира „нова Република Српска“.
„Заедницата е постојано тема на дијалогот. Косово е рамноправна страна во дијалогот и на Косово ништо не може да му се наметне. Никој не сака нова „Република Српска“ во Косово. Но вие имате преземено обврска и не треба да се плашите од нешто непостоечко, туку треба да излезете со ставови“, изјави Лајчак.
Во Брисел продолжи дијалогот меѓу Србија и Косово за регистарските таблички
Посредниците на САД и ЕУ престојуваа во Косово од понеделникот и се сретнаа со претседателката на државата, Вјоса Османи, со премиерот Албин Курти, со лидери на опозицијата и претставници на косовските Срби, како и со претставници на меѓународната заедница во Косово и на граѓанските организации.