Ескобар и Лајчак во Белград

Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак на средба со претседателката на Косово Вјоса Османи. Приштина, 31 јануари 2022 година

Специјалниот претставник на американскиот Стејт департмент Габриел Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак денеска ќе престојуваат во Белград за да разговараат за нормализација на односите со Косово и спроведување на реформите на европскиот пат. Како што е најавено, Ескобар денеска ќе се сретне најпрвин со претседателот на Србија Александар Вучиќ, потоа со претседателот на Парламентот, Ивица Дачиќ, а на крајот ќе се одржи средба меѓу Вучиќ, Лајчак и Ескобар.

Косовската опозиција: Договор со Србија без загрозување на суверенитетот

Американската амбасада во Белград неодамна соопшти дека дводневната посета ќе опфати состаноци со владини и деловни лидери, граѓанското општество и претставници на различни политички групи во Србија. Претставниците на САД и ЕУ Габриел Ескобар и Мирослав Лајчак претходно ја посетија Приштина.