Претставниците од Република Српска (РС) можат да присуствуваат на седниците во институциите на Босна и Херцеговина (БиХ), но на начин што ќе ги земат предвид ставовите и одлуките на институциите од РС. Ова е еден од 12-те заклучоци усвоени на вчерашната специјалната седница на Националното собрание на која се разговараше за политичката ситуација во БиХ Се наведува дека ваквото присуство на седниците во Парламентарното собрание на БиХ, Советот на министри на БиХ и Претседателството на БиХ е во согласност со заклучоците од седницата на Народното собрание на РС од јули 2021 година.
Додик најави условно враќање во институциите на БиХ
Беше усвоен и заклучок со кој се бара од претставниците на РС, избрани во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина (БиХ) да предложат закон за забрана на злоупотреба на терминот геноцид. Меѓу заклучоците е и оној во кој се наведува дека не престануваат причините поради кои Собранието на РС донесе одлуки за бојкот на институциите на БиХ во јули минатата година.