Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојуваат во работна посета на Париз.
Тие ќе остварат средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, како и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон.
Како што се наведува во соопштението, во фокус на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија. Притоа се очекува да бидат разменети мислења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.
Во рамки на посетата предвидена е средба и со сенаторот, Робер Бадентер.