Петличковски претседател, Мехмедовиќ портпарол на Комисијата за заразни болести

Александар Петличковски

Доктор Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести, потврдуваат за МИА од Министерството за здравство.

Тој е директор на Институт за имунологија, каде се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените, како и за соевите на коронавирусот.

„Цел на комисијата ќе биде артикулитрање на научните податоци и нивно применување на нашите околности. Ќе се држиме исклучиво до научните докази и целта е нив да ги направиме прифатливи за околностите кај нас “, изјави Петличковски на прес конференција.

Доктор Злате Мехмедовиќ пак е назначен за лице надлежно за односи со јавноста во име на комисијата.

Досегашен претседател на Комисијата за заразни болести беше доктор Жарко Караџовски.