На годишнината од пучот, протести ширум Мјанмар

илустрација

Демонстрантите во Мјанмар денеска започнаа „штрајк“ ширум земјата за да ја одбележат годишнината од воениот удар на генералот.

Армијата ја презеде власта со државен удар на 1 февруари минатата година, откако на изборите, партијата на Аунг Сан Су Ќи, Националната лига за демократија, освои големо мнозинство, а пооцна воената хунта изборите ги прогласи за неважечки.

Војската на Мјанмар започнува напади и рации врз демонстрантите и цивилите низ целата земја за да ги запре нивните активности. Демонстрантите одржаа широки протести во различни градови низ земјата, извикувајќи слогани за слобода и правда.

„Тие (воената хунта) ги прашуваат цивилите „кој се осмелува да биде убиен? Но, цивилите сè уште се борат против нив. Сакаме да ги прашаме сега. Дали се уште се убедени дека ќе преживеат против народот“, изјави Лин Пин, демонстрант во Мандалеј.

Цивилите во различни градови, исто така, се приклучија на таканаречениот „тивок штрајк“, ги затворија продавниците и ги испразнија улиците во обид да се спротивстават на пучот.

„Не одам на работа денес. Затоа што дури и да не можам да се приклучам на вистинските протести на теренот, морам да се приклучам на ова“, рече Син Син, продавачка во Јангон.

Активистите ги повикаа луѓето да останат дома, а бизнисите и погоните да бидат затворени на денот на годишнината од пучот. Воената хунта се закани дека ќе ги уапси сите кои учествуваат во тивкиот штрајк.