Британскиот премиер Борис Џонсон денеска треба да има телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, по што ќе престојува во Украина. Ова е се дел од активностите на официјален Лондон во обид да изврши притисок за намалување на тензиите поради трупањето руски војници на границата со Украина. Тој изјави дека ќе побарал од Путин да ги повлече војниците од близина на границата со Украина и ќе нагласел дека Британија го поддржува територијалниот суверенитет и интегритетот на Украина.
Русите доаѓаат - Западот алармира, Украина смирува
По САД и Британија го повлекува персоналот од амбасадата во Украина
„Ѝ даваме одбранбено оружје на Украина. Но, она што го знам е дека Украинците ќе се борат. Ако одите во Украина, разговарате со Украинците, се плашам дека секој руски упад, секоја понатамошна руска инвазија ќе биде горчлив и крвав отпор“, изјави вчера Џонсон кој при посетата на Украина ќе биде придружуван од министерката за надворешни работи Лиз Трус. За денеска претпладне е најавено дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска телефонски ќе разговара со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.