Комисијата за здравство ќе решава за скринингот во училиштата

Ученик и наставничка со заштитни маски на час во време на пандемија

Комисијата за заразни болести на денешната седница, како што вчера најави министерот за здравство Беким сали, ќе решава како и кога ќе биде спроведен скринингот во училиштата. Според Сали, скринингот ќе биде изведен преку центрите за јавно здравје кои ја водат евиденцијата на сите позитивни случаи. „Првата недела е многу важна за да се реагира брзо доколку има потреба од преземање на дополнителни мерки“, изјави Сали. Денеска почнува второто полугодие со физичко присуство.

Нови 711 случаи со ковид-19, починат 29-годишник од Кратово

Почетокот на полугодието беше одложен за две недели поради епидемиолошката состојба во земјата. Министерот за здравство оцени дека засега нема потреба од нови рестриктивни мерки. Според него, има благо зголемување на бројот на хоспитализирани и благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Тој рече дека засега не се планира укинување на ковид сертификатите.