Нови 711 случаи со ковид-19, починат 29-годишник од Кратово

Илустрација: Брза помош превезува ковид-пациенти

Во изминатото деноноќие се регистрирани 711 нови случаи на коронавирус во Македонија, а 26 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Од нив 22 луѓе починале во изминатите 24 часа, а четворица на 26 и 27 јануари, но денеска се пријавени.

Најмногу новозаразени има во Скопје - 505, Кавадарци 30, Струмица 26, Куманово 25, Охрид 21, Битола и Штип по 17, Прилеп 12, Струга и Гевгелија по 9, Тетово 7, Велес 5, Гостивар, Неготино и Богданци по 4, Делчево 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија по 2, и во Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран по еден нов случај.

Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфекции.

Од 22 починати, 10 се од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по двајца од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по еден починат од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се дополнително четири починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 - 27.01.2022 година.

Од вкупно 26 починати, 14 лица биле целосно вакцинирани, а кај сите се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани се и 7.170 оздравени пациенти.

Направени биле 3.197 тестови.

Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а на активни случаи изнесува 13.628.