Лајчак и Ескобар во тридневна посета на Косово

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан Мирослав Лајчак, заедно со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања за Западен Балкан Мирослав Лајчак, заедно со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, од денеска до 2 февруари ќе престојуваат на Косово со цел да се постигне понатамошен напредок во дијалогот. За време на нивната тридневна посета на Косово, тие ќе се сретнат со косовското политичко раководство, лидерите на политичките партии и претставници на меѓународната заедница.

Самоопределување најавува спречување на српските избори во Косово

Аналитичарите во Косово оценуваат дека Лајчак и Ескобар ќе имаат исто барање за косовските претставници, а тоа е забрзување на дијалогот за одредени теми. Има и очекувања дека САД се обидуваат да го реформатираат дијалогот, забрзувајќи го со одредени теми. Приштина оценува дека ќе има „притисок за формирање Заедница на српски општини (ЗСО)“, што се проценува дека ќе го забрза процесот на „постигнување конечен договор што треба да заврши со взаемно признавање“, за што САД силно се залагаат.