Надал ја освои 21-та рекордна титула

Тенисерот Рафаел Надал прв ја освои 21. Гранд-слем титула во кариерата откако во финалето на Австралија Опен го победи противникот рускиот тенисер Даниил Медведев.

Со оваа победа Надал го собори машкиот рекорд за најмногу гренд слем титули во сингл и го направи тоа на потешкиот начин враќајќи се од два сета подолу и го победи Медведев во речиси 5 и пол часовна игра. Со 5 часа и 24 минути, ова беше второто најдолго финале на Австралија опен, откако Новак Ѓоковиќ го победи Надал во пет сета по 5 часа и 53 минути во 2012 година.

Ѓоковиќ пристигна „разочаран“ во Белград

35-годишниот Шпанец сега има една повеќе титули од Роџер Федерер и Ѓоковиќ, неговите долгогодишни ривали во таканаречената голема тројка. Неговите ривали ќе се обидат да го достигнат до крајот на тековната година.

Со победата од 2-6, 6-7 (5), 6-4, 6-4, 7-5 Надал стана само четвртиот човек во историјата кој ги освоил сите четири главни титули во спортот најмалку двапати.

Натпреварот имаше мал прекин поради демонстрант кој скокна од публика на тенискиот терен. Надал ја освои својата прва титула на Австралија опен во 2009 година.

Неговата победа беше уште позабележителна со оглед на тоа што Надал одлета во Австралија со само два меча во втората половина на 2021 година, бидејќи беше надвор од теренот поради хронична повреда на стапалото што може да се лекува, но не и да се излечи. Тој лани, исто така, прележа ковид-19.