Столтенберг- НАТО нема да испрати војници во Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека западната воена алијанса нема да испрати борбени трупи во Украина во случај Русија да ја нападне земјата.

„Немаме планови да распоредиме борбени трупи на НАТО во Украина... ние се фокусираме на обезбедување поддршка“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си за време на интервјуто кое денеска беше објавено.

САД наскоро ќе испрати војници во земјите во Источна Европа и НАТО

„Постои разлика помеѓу да се биде член на НАТО и да се биде силен и високо ценет партнер како Украина,“ додаде Столтенберг.

До коментарите на Столтенберг доаѓа по засилени тензии меѓу НАТО и Москва бидејќи Русија постави над 100 илјади војници долж границата со Украина, што доведе до загриженост на Западот за инвазија.

Путин - Западот ја „игнорира“ безбедносната загриженост на Москва

Кремљ ги негира твдрењата за инвазија како што направи во 2014 година кога го зазеде украинскиот полуостров Крим. Москва во неодамнешните преговори со Вашингтон и НАТО инсистираше да се дадат гаранции дека Украина и Грузија нема да станат дел од Алијансата.

Украина бара членство во НАТО, но не и е понуден Акционен план за членство, кој би обезбедил патоказ за приклучување.

НАТО соопшти дека политиката на „отворени врати“ не е предмет на преговори, а Вашингтон нагласи дека суверените држави имаат право да избираат во кои воени сојузи ќе се приклучат.

Зеленски - Главниот ризик за Украина е дестабилизација одвнатре

Откако САД писмено одговориле на барањата на Москва, рускиот претседател Владимир Путин на 28 јануари во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон истакнал дека чувствува дека Западот ги „игнорира“ безбедносните грижи на Москва.

НАТО соопшти дека е подготвен да го засили своето присуство на војници во нејзините источноевропски земји-членки доколку Русија ја нападне Украина, а многу членки на алијансата му дадоа на Киев воена опрема, вклучително и оружје, додека се зголемуваат тензиите.