Околу 2 илјади деца кои биле регрутирани од јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, загинале во борби кои се одвивале во период од јануари 2020 година до мај 2021 година, се вели во новиот извештај на ОН.
Извештајот кој вчера беше објавен и е доставен до Советот за безбедност покажува дека бунтовниците продолжуваат да одржуваат кампови и курсеви за охрабрување на младите луѓе да се борат во војната против националната влада на Јемен.
ОН го осудија воздушниот напад на затвор во Јемен
Меѓународно признатата влада на Јемен и Хутите се заглавени во војна од 2014 година, кога бунтовниците го зазедоа главниот град Сана.
Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше во Јемен во 2015 година, поддржувајќи ги силите на соборената влада на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади кои се борат против Хутите.
Во конфликтот загинаа десетици илјади луѓе и создаде една од најтешките хуманитарни кризи во светот.
Во извештајот, експертите на ОН велат дека истражувале некои летни кампови во училиштата и џамијата каде што Хутите се обидувале да регрутираат деца да се борат.
„На децата им е наложено да го извикуваат слоганот на Хутите „смрт за Америка, смрт за Израел, проклетство на Евреите, победа на исламот. Во еден камп, децата на возраст од 7 години беа научени да чистат оружје и да избегнуваат ракети“се вели во извештајот.