Над половина милион луѓе во Русија починале од ковид-19

Болница во Москва, Русија

Населението на Русија се намали за повеќе од половина милион во 2021 година, а како една од главните причини се посочуваат последиците од коронавирусот. Последните статистички податоци покажуваат дека Русија има население од 145,5 милиони луѓе, што е за речиси 700.000 луѓе помалку отколку лани.

Вицепремиерката Татјана Голикова рече дека ковид 19 е главната причина за надолниот тренд на морталитет. Русија забележа низа „црни“ рекорди во последните денови со порастот на заразени со сојот омикрон во земјата.

Ќе донесе ли пандемијата со ковид 19, епидемија на болни од рак?

Во САД бројот на луѓе кои умираат секој ден се зголемува со масовното ширење на омикрон.Неделниот просек покажува дека бројот на починати се искачи на 2.200, што укажува на зголемена смртност во овој бран во однос на минатогодишниот со делата сојот.

Здравствените власти велат дека иако омикрон предизвикува помалку тешка клиничка слика кај повеќето луѓе, но фактот што е овој сој е повеќе пренослив значи дека повеќе луѓе се разболуваат и умираат.