Пакистанските власти на разговори со талибанските власти во Кабул

Илустрација

Пакистанскиот советник за национална безбедност Моид Јусуф се состана со високи членови на владата предводена од Талибанците во Кабул, за да разговара за билатералната соработка, граничните прашања и напорите да се избегне хуманитарна криза во Авганистан. Јусуф пристигна во Кабул како шеф на делегација во која има министри од кабинетот и економски и безбедносни експерти.

Јусуф и вршителот на должноста вицепремиер на Талибанците Абдул Салам Ханафи разговараа за трговијата, транзитот и спроведувањето на големи регионални проекти, вклучувајќи го гасоводот Туркменистан-Авганистан-Пакистан-Индија и проектот за електрична енергија Централна Азија - Јужна Азија, познат како CASA-1000, соопшти портпаролот на Талибанците.

Четири лица загинаа при експлозија на бомба во Пакистан

Пакистанските медиуми јавуваат дека состаноците во Кабул ќе се фокусираат на економската и хуманитарната помош на Исламабад за Авганистан каде што милиони се соочуваат со екстремен глад, а економијата е на работ на колапс.

Односите меѓу Исламабад и владата предводена од Талибанците станаа „затегнати“ во последниве месеци бидејќи Пакистан продолжи со проектот подигање на ограда долга 2.500 километри долж границата со Авганистан.