Четири лица загинаа при експлозија на бомба во Пакистан

PAKISTAN-BLASPHEMY/

Пакистанските власти соопштија дека четири лица се убиени при две експлозии на бомби во провинција Балучистан во југозападниот дел на земјата. При експлозијата ранети се и други осум лица. Тројца од загинатите во експлозиите се припадници на безбедносни сили, а четвртата жртва е локалниот племенски старешина, се наведува во соопштенето од надлежнте. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Претходно 10 пакистански војници беа убиени во напад на милитанти на безбедносен пункт во областа Кеч во Белуџистан.

Најмалку двајца загинати при експлозија на пазар во Пакистан

Локалната сепаратистичка група, Ослободителниот фронт на Балуџистан, ја презеде одговорноста за нападот што се случи во текот на ноќта од 25 до 26 јануари.

Во Белуџистан, кој се граничи со Авганистан и Иран, веќе подолго време трае бунт во кој различни сепаратистички групи организираат напади, главно врз безбедносните сили. Сепаратистите бараат независност од централната влада во Исламабад.