Документарен филм за Навални освои главна награда на филмски фестивал

Руски опозициски политичар Алексеј Навални

Документарниот филм за затворениот руски опозициски политичар Алексеј Навални освои две врвни награди на американскиот филмски фестивал кој го признава независниот филм.

Филмот за Навални ја освои наградата на публиката за документарни филмови и наградата за фаворит на фестивалот на церемонијата што се емитуваше во живо на Твитер на 28 јануари.

Русија го стави Навални на листата на „терористи“

Премиероното прикажување на филмот за Навални беше на 24 јануари со што документарниот филм беше 10-ти и последен филм во секцијата за натпреварување за документарни филмови во САД, соопштија од Институтот Санденс.

Во филмот Навални ја раскажува приказната за тоа што се случило откако го преживеал труењето и се обидува да одгатне кој стои зад тоа. Во партнерство со истражувачката група Белигнкат, режисерот Даниел Рохер и неговиот тим го интервјуираат Навални додека тој закрепнуваше во Берлин.

Дали враќањето на Навални во Русија беше грешка?

Рохер рече дека сака филмот да предизвика „глобален бес и негодување“ поради затворањето на Навални.

Навални моментално е во Русија каде отслужува затворска казна од 2 ипол години за прекршување на условите од претходно условно ослободување.
Навални го обвини рускиот претседател Владимир Путин за неговото труење со хемиската супстанца Новичок.

Кремљ негираше каква било улога во труењето на Навални.