САД наскоро ќе испрати војници во земјите во Источна Европа и НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека Соединетите Држави наскоро ќе преместат мал број американски војници во земјите од Источна Европа и НАТО, бидејќи продолжуваат да се зголемуваат стравувањата дека трупањето на руски војници во близина на границите на Украина би можело да биде увертира за инвазија.

„Ќе ги преместам американските трупи во Источна Европа и земјите на НАТО во блиска иднина. Но, не премногу“, одговори Бајден на новинарското прашање за распоредувањето на војниците по враќањето во Вашингтон од говорот во Филаделфија.

Претходно оваа недела Пентагон постави околу 8.500 американски војници на готовност за можно распоредување во Европа поради военото засилување на Русија во близина на границите на Украина.

Зошто Путин повлече „црвенa линиja“ над Украина?

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин претходно изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги има сите воени капацитети подготвени да дејствува против Украина и сега се сведува на политичка одлука за тоа каква акција ќе преземе Москва.

Тој изјави дека иако Вашингтон не верува дека рускиот претседател Владимир Путин донел конечна одлука да употреби сили против Украина, „тој очигледно сега ја има таа можност.“

Русија- САД ги игнорира нашите безбедносни грижи, но дијалогот е можен

Кремљ,пак, неодамна соопшти дека Русија ќе ги разгледа и проучи писмените одговори добиени од Соединетите држави и НАТО во врска со барањата на Москва за безбедносни гаранции и потоа „ќе одлучи за понатамошни активности“.