Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Будимпешта ќе се обиде да го зголеми увозот на руски гас на средбата со рускиот претседател Владимир Путин која треба да се одржи идната недела. Унгарија, која е членка на Европската унија и на НАТО, во септември потпиша нов 15-годишен договор за снабдување со природен гас со Гаспром. Според договорот, рускиот државен гигант се обврза годишно на Унгарија да и испорачува 4,5 милијарди кубни метри гас.
„Би сакал да ја зголемам количината на гас што треба да и се испорача на Унгарија од она што е договорено во руско-унгарскиот договор за гас“, изјави Орбан, кој одржува пријателски врски со Путин.
Украинските власти го критикуваа договорот за испорака на гас меѓу Будимпешта и Русија. Министерството за надворешни работи во Киев го нарече потегот „чисто политичка и економски неразумна одлука донесена во корист на Кремљ, а на штета на националните интереси на Украина и на украинско-унгарските врски“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Прашан за актуелните тензии меѓу Русија и Украина поради распоредувањето на повеќе од 100.000 војници од страна на Москва во близина на границата со нејзиниот западен сосед, Орбан за државното радио рече дека Унгарија е „заинтересирана за мир“.