Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Русија се соочува со „огромни последици“ ако го избере „патот на агресија“кон Украина и ја повика Москва да се вклучи во дипломатските напори за да се стави крај на кризата на границата со Украина.
Во интервју за Радио Слободна Европа дадено на 27 јануари Блинкен исто така рече дека Соединетите Држави сè уште не знаат што е крајот на играта во Кремљ за Украина и на нивните барања да се преработи постоечката безбедносна структура на Европа.
„Јас тврдам дека единствениот човек кој може да ви каже каков е крајот на играта на Кремљ е претседателот Путин. Мислам дека никој друг не знае. И тој можеби дури не ја знае таа точка бидејќи она што го правеше и во минатото и она што верувам дека го отсликува начинот на кој тој пристапува кон работите е да создаде што е можно повеќе опции“, рече Блинкен во интервјуто.
Блинкен зборуваше еден ден откако Соединетите Држави официјално го претставија својот писмен одговор на руските ултиматуми за безбедносни гаранции кои ги објавија минатиот месец во форма на два нацрт-договори. Руските барања се проследени со распоредување на повеќе од 100.000 руски војници во регионите во близина на границите на Украина.
Двата документи претставуваат целосна реструктуирање на европската безбедносна структура, повикуваат на мораториум на проширувањето на НАТО со поранешните советски републики како Грузија и Украина и повлекување на војниците и оружјето од источна Европа односно враќање на состојбата проширувањето на НАТО во 1999 година.