Ципрас предложи гласање недоверба за владата на Мицотакис

Илустрација, лидерот на грчката опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас

Лидерот на грчката опозициска партија Сириза, Алексис Ципрас достави предлог за гласање недоверба на Владата во Собранието. Тоа се случи за време на расправата во Парламентот за закон од Министерството за развој, кога Ципрас вонредно побара збор, упати остри критики и обвинувања до Владата, особено за справувањето со снежната бура и истакна дека вонредно бара збор за да достави предлог за гласање недоверба на „најлошата Влада во земјата по падот на Хунтата“.

Владејачката партија Нова демокрартија во Собранието има 157 пратеници, шест повеќе од минималната граница за парламентарно мнозинство.

Лидерот на грчката партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, положи свечена заклетва како нов премиер на земјата во јули 2019, откако победи на предвремените општи избори што се одржаа во Грција. Неговата партија тогаш обезбеди 157 места во грчкиот Парламент, кој брои 300 пратенички места, со што Нова демократија ја победи владејачката партија Сириза, на тогашниот премиер Алексис Ципрас.

До предвремените избори во 2019 година дојде откако Ципрас побара распуштање на Парламентот по слабите резултати на владејачката партија на изборите за Европската Унија во мај.

Дендиас за Договорот од Преспа- владите доаѓаат и си одат, но обврските остануваат

Ципрас на функцијата премиер дојде во 2015 година. Неговиот мандат беше одбележан со економски потешкотии и со потпишувањето на Договорот за името со Република Северна Македонија.