Петмина војници загинале, а уште петмина други се ранети при оружен инцидент кој настана при пукање во украинската фабрика за машинско градење Јужмаш во источниот дел на Украина.
Од украинското Министерство за внатрешни работи соопштија дека војникот Артемиј Рјабчук, отворил оган со автоматска пушка АК-47 врз група војници од Националната гарда пред да побегне од местото на настанот.
Русите доаѓаат - Западот алармира, Украина смирува
Володимир Шајло од Државното биро за истраги за РСЕ изјави дека Рјабчук бил приведен во близина на едно село во регионот.
Тој посочи дека мотивот за пукањето сè уште е непознат. Јужмаш е државен објект каде што се прозведуваат ракети и возила за лансирање ракети.