Во последните 24 часа направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на Ковид-19. Најмногу заразени има во Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по 10, Крива Паланка – 9, Крушево, Демир Хисар и Македонски Брод – по 5, Кратово – 4, Пробиштип, Пехчево и Дојран – по 2, Дебар, Македонска Каменица и Демир Капија – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (2.019), регистрирани се 254 реинфекции, од кои две се втора реинфекција.
Регистрирани сe 973 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 15 починати лица. Четиринаесет од нив се починати во болнички, а едно лице во домашни услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од Мој Термин, пријавени се четри починати лица во период од 18.01.2022 до 22.01.2022г. Од пријавените лица три се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица (n=19), шест лица се целосно вакцинирани, а кај 17 се регистрирани коморбидитети. Досега во земјата се направени вкупно 1.762.045 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 261.347, бројот на оздравени пациенти е 231.179, на починати е 8.285, а бројот на активни случаи изнесува 21.883.