Казни за „преобраќање“ на хомосексуалците во хетеросексуалци во Франција

Илустрација

Со усвојувањето на новиот закон во Франција се забранува таканаречената терапија за конверзија, а предвидени се парични и затворски казни за сите кои користат ненаучни методи во обид за промена на сексуалната ориентација или родовиот идентитет на ЛГБТ лицата.

Казните се пропишани за надрилекари кои сакаат да ги „преобратат“ геј луѓето во хетеросексуалци.

Пратениците оценија дека законот ќе се однесува на оние кои хомосексуалноста ја сметаат за болест и дека кога станува збор за хомосексуалноста, тука нема што да се лечи.

Законот предвидува казна затвор до две години и 30 илјади евра.
Доколку се вклучени малолетници или други ранливи групи, казната може да биде до три години затвор и 45 илјади евра.

Законот стапува на сила за 14 дена, откако ќе го потпише претседателот Емануел Макрон.

Такви терапии веќе се забранети во неколку американски сојузни држави и во Порторико.