Украина пред Европскиот суд за човекови права ќе поднесе докази за соучесништвото на Русија во кршењето на човековите права во окупираните територии на регионите Доњецк и Луганск. Според најавите, делегациите на Украина и на Холандија денеска ќе се сретнат со претставници на Русија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Франција, на сослушувањето за прифатливоста на обвинението на Украина и Холандија против Русија. Неофицијално тоа се нарекува „случај Донбас“ и се однесува на кршењето на човековите права на привремено окупираните територии на регионите Доњецк и Луганск, се вели во соопштението на украинските власти.
Дигитално разоткривање на руските војници во близина на Украина
Украинската страна има за цел да ја изведе Русија пред лицето на правдата за масовно кршење на човековите права во источна Украина и да направи сѐ за да престанат овие прекршувања. Дополнително, одлуката на Европскиот суд за човекови права во овој случај ќе има последици за Русија кои ги надминуваат правните.
Блинкен: Путин го предизвика „она што вели дека сака да го спречи“
„Тоа би можело да се искористи за дипломатски притисок врз агресорската сила, за воведување дополнителни санкции на различни нивоа“, наведува украинската страна која достави илјадници страници и огромни залихи на видео, аудио и други материјални докази до Европскиот суд, кои ги разбиваат контра-обвинувањата искажани од руската пропаганда.