Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците да останат смирени во врска со заканата од руски напад и рече дека е во тек работа за да дојде до средба меѓу него и лидерите на Русија, Франција и Германија. Во телевизиско видео обраќање, Зеленски рече дека повлекувањето на персоналот од западните амбасади во Киев не сигнализира и дека воената ескалација со Русија е неизбежна. „Нема розови очила, нема детски илузии, ништо не е едноставно... Но има надеж“, рече Зеленски, додавајќи: „Заштитете го вашето тело од вируси, вашиот мозок од лаги, вашето срце од паника“.
САД најавуваат можни санкции за Русија
На работ: Тензиите меѓу Русија и Украина низ фотографии
Во меѓувреме американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека нема намера да испраќа американски или НАТО војници во Украина, но додаде дека евентуалната руска инвазија „ќе има огромни последици“ и „ќе го промени светот“, бидејќи ќе биде најголема од Втората светска војна. Соединетите Држави ставија 8.500 војници на готовс за зајакнување на западната воена алијанса. Бајден додаде дека некои санкции би можеле да бидат насочени лично против рускиот претседател Владимир Путин.