Совет за стабилизација и асоцијација ЕУ-Србија

премиерката на Србија Ана Брнабиќ

На шестиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација ќе се разгледува состојбата на односите меѓу ЕУ и Србија. Учесниците ќе разговараат за односите во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација, особено за Стратегијата за пристапување, вклучувајќи ја помошта на ЕУ за справување со пандемијата на ковид-19, политичките и економските критериуми и претпристапната помош Партнерите ќе разменат мислења и за случувањата во Западен Балкан. На состанокот ќе земат учество премиерката на Србија Ана Брнабиќ, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Брнабиќ: Задоволна сум од резултатите на референдумот

Партнерите ќе разговараат за билатералните односи во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација и ќе направат сметка за напредокот на Србија во подготовката за членство во ЕУ во светло на извештајот на Европската комисија за Србија во 2021 година. Од последната Конференција за пристапување на 14 декември 2021 година, од вкупно 35 поглавја од преговорите, 22 поглавја се отворени за преговори, од кои 2 се привремено затворени.