Јанакиески со повреда на ногата и со полиција спроведен на суд

Миле Јанакиески пред Крвичниот суд. Архивска фотографија.

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски денеска на судењето за случајот „Топлик“ беше спроведен со полициска придружба. Претходните рочишта за случајот беа одложени бидејќи Јанакиевски, го скршил коленото. На последното рочиште судијата Осман Шабани побара Јанакиески да биде спроведен со полициска придружба.

Апелациониот суд во ноември, минатата година ја укина мерката куќен притвор на Јанакиески кој е обвинет во повеќе судски предмет и ја замени со мерка претпазливост. Јанакиески е обвинет во повеќе предмети, помеѓу кои „Т.Н.Т.“, „Титаник“, „Талир“, „Топлик“, „Траекторија“ и „Шпански скали“.

Јанакиески во случајот „Топлик“ е обвинет за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.